Тенда 4 го добива сертификатот „Коректна фирма“ за одличната репутација и етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите. 

Сертификатот „Коректна фирма“ се доделува на претпријатија кои се карактеризираат со беспрекорна репутација меѓу своите клиенти и партнери, а го доделува Друштво за утврдување на коректни фирми.

Процесот на сертифицирање се состои од не пронаоѓање или минимално постоење на негативни споменувања на брендот на интернет просторот, а проверката се извршува преку специјализирана програма наречена „Коефициент на мислења“.

За нас ова претставува уште една потврда за нашиот досегашен труд, но и одговорност за тековните и идни деловни предизвици.